1. |
Лакримариум
03:57
|
|||
|
Мојто либе замина во бој,
може веќе нема да е мој албатрос...
Лакримариум за него чувам,
секој ден по солза дарувам.
Лакримариум за него чувам,
океанот да го наполнам.
Одам на океан
песна тивка да му испеам
и океан да наполнам.
Да оживее чекам...
Лакримариум за него чувам,
секој ден по солза дарувам.
Лакримариум за него чувам,
океанот да го наполнам.
Да оживее чекам...
|
||||
2. |
Средба/Допир
06:42
|
|||
|
Текст:
На мисла допатува пред мене,
за да те видам, сега те гледам.
Отвори очи и ликот мој ќе исчезне,
тебе барајќи те.
Затвори очи во сон да се сретнеме,
и пробај замисли ме.
„Те барав во незавршениот страв на ѕвездата што паѓа,
не можејќи ништо да допре во просторот.
Те барав, во сè и сешто,
Те барав, а барајќи можев само да те сретнам,
но не и да те најдам, но не и да те најдам.“
Пробај замисли ме,
пробај измисли ме.
Пробај замисли ме,
отелотвори ме.
Не знам како да те љубам,
не знам како, а те љубам.
Не знам зошто јас те љубам,
не знам зошто, а те љубам.
Губам допир полека,
еден допир паметам,
во тебе исчезнува
мојата небиднина.
Не знам како да те љубам,
не знам како, а те љубам.
Не знам зошто јас те љубам,
не знам зошто, а те љубам.
|
||||
3. |
|
|||
If you like ATA, you may also like: